Home » , » Вотката на Шек наскоро во продажба

Вотката на Шек наскоро во продажба

Written By Anonymous on 20.12.12 | 13:50


Поранешниот најпопуларен центар на НБА лигата, Шекил О'Нил наскоро ќе почне со производство на посебен вид вотка, која на пазарот ќе се најде на почетокот на следната година. Вотката на Шек, која ќе се нарекува Лав Шек, нема да содржи ни шеќер, но ни глутон и би требало да биде поевтина во однос на конкуренцијата.

Како што пренесуваат америчките медиуми, првата серија на вотка ќе биде со вкус на кокос, додека на самата амбалажа ќе се наоѓа слика од Шек со огромни крила.

После пет снимени рап албуми, дипломирање, појавување во ТВ сериите и филмовите, работата на преносите на натпреварите на НБА лигата, О'Нил успеа сам да си најде место и во бизнисот на алкохолните пијалоци.

0 comments:

Post a Comment