Home » , » Спајк Ли лут на Пабло Приџони

Спајк Ли лут на Пабло Приџони

Written By Anonymous on 20.12.12 | 14:24


Најголемиот фан на Њујорк, режисерот Спајк Ли го критикуваше рукито на Никс, Пабло Приџони (35) кој сакаше да облече виолетови патики.

За секој верен навивач на тимот од Медисон Сквер Гарден, виолетовата боја се наоѓа на листата на најомразените бои. Има неколку причини за тоа, а веројатно најголемиот аргумент е тоa што бојата на дресовите на Лос Анџелес Лејкерс, лутите ривали од тимот на “Големото Јаболко“.

“Брат, да не полуде? Која е таа боја на патиките? Па не можеш да играш овде и да ја носиш таа боја! Тоа е бојата на Лејкерси“,

го опомена Спајк Ли искусниот играч.

“Добро, но не можев да најдам друга боја“, 

му се оправдуваше Аргентинецот на режисерот кој, инаку, се прослави со филмот “Го доби натпреварот“ во кој главна улога игра играчот на Мајами Хит, Реј Ален.


Еве што навистина се случи :

0 comments:

Post a Comment