
Вкупно има четири настани кои го сочинуваат Саботниот програм, како и да е, лигата оваа година се обидува да заинтересира малку повеќе луѓе за првите два настани.
Од официјалниот извештај:
“За прв пат, State Farm All-Star Саботната вечер ќе започне со нов формат која ги спротивставува Источната и Западната конференција една против друга, во натпревар каде што ќе се собираат пари за добротворни цели, соопшти НБА.
Како дел од новиот формат, поените собрани од секоја конференција во секој од четирите настани ќе одлучат која конференција ќе ја освои титулата - Шампион на State Farm Ол-Стар Саботната вечер за 2013 година. Истотака, секој тим ќе биде воден од својот капитен кој ќе го води тимот низ целата вечер.“
Првите два настани се Shooting Stars - Натпревар во шутирање помеѓу комбинирани тимови (WNBA кошаркарка, NBA кошаркар и еден пензиониран кошаркар) и Skills Challenge - Натпревар во плејмејкерски вештини.
Со гледање на All-Star викендот во последниве години, може да се каже дека арената не се исполнува на време за Саботната вечер, односно сите доаѓаат на крај на вечерта кога започнуваат Slam Dunk и Three Point натпреварите.
Не сум сигурен дека овој нов формат ќе го смени тоа, но ако ништо друго лигата барем се обидува, а фактот дека ова се прави за добротворни цели може само да се гледа позитивно.
0 comments:
Post a Comment