Home » , » Далас го отпушти Дерек Фишер

Далас го отпушти Дерек Фишер

Written By Anonymous on 23.12.12 | 11:08


Искусниот плејмејкер е отпушен по свое барање.

Искусниот плејмејкер Дерек Фишер кој потпиша за Далас некој ден по Денот на Благодарноста, не го дочека Божиќ во тимот од Тексас. Гласноговорник во тимот вели дека Далас вчера го отпуштија 38-годишниот Фишер, само два дена откако доживеа повреда на коленото.

Во таборот на Далас наводна знаеа дека повредата не е тешка и Фишер го отпуштија по негово барање за да може да оди во Л.А од фамилијарни причини. Извори блиски на сопственикот на Далас, Мајк Кјубан потврија дека Дерек има само усмен договор со Далас и доколку има фамилијарни причини има дозволна да замине од тимот.

“Во натпреварот со Фила вторникот доживеав незгодна повреда на коленото и морам да мирувам најмалку две недели. Со обриз на тоа дека не можам да игра, а сум оддалечен со километри од фамилијата имам дозвола да го напуштам тимот“,

вели популарниот Фиш.

0 comments:

Post a Comment