
Ако се суди по онаа народна поговорка “каде што има чад, има и оган“, Пау Гасол дефинитивно ги брои своите последните денови во Лејкерс. Во НБА лигата уште од претходната сезона се вртат озборувања дека Лејкерси ќе го трејдоваат шпанскиот центар.
Судејќи спрема натписите на америчките национални куќи ESPN и CBS, главниот менаџер на Лејкерс, Мич Купчак, моментално не седи со скрстени раце, туку на големо води преговори со членовите на Репторс за трејдот на својот висок играч.
Наводно, на патот за Лос Анџелес би се упатиле шпанскиот плејмејкер Хосе Калдерон, италијанскиот репрезентативец Андреа Барњани и литванскиот интернационалец Линас Клеиза. Америчките медиуми пишуваат дека договорот, практично, е веќе направен и дека е прашање на момент кога ќе биде излезен во јавност.
Единствено што би ја направила оваа приказна лоша, е Минесота Тимбервулвс. Имено, главниот менаџер на овој тим Дејвид Кан, пишуваат америчките медиуми, посакува со сите сили да ги спои шпанските кошаркари Рики Рубио и Пау Гасол во еден ист тим. Во таборот на “Волците“, наводно, веруваат дека шпанскиот плејмејкер и крилниот центар би биле одличен тандем кој со Кевин Лав би бил доволен за големи дела.
Тимбервулвси непрекинато го притискаат Купчак, а потготвени се да ги испратат репрезентативецот на Црна Гора и поранешниот играч на Партизан, Никола Пекович, а и поранешниот втор пик на драфтот Дерик Вилијамс.
Сепак, од моментот да видиме на дело било која од овие наведени приказни, веројатно сме многу далеку. Меѓутоа, во НБА лигата, ништо не е невозможно, па така и Гасол набрзо да го облече дресот на еден од двата тима.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment