
Имено, Ворлд Пис смета дека “шоуто на Коби“ во нападот тотално го ремети ритамот на остатокот од тимот. Крилниот играч на Лејкерси верува дека останатиот тим не може да се уигра, не добиваат доволно топки, па промашуваат и отворени шутеви. Лејкерси со “полудениот“ Коби добија само 2 од последните 8 натпревари и се на скор од 10-14.
“Прилично сум задоволен со начинот на игра на Мајк ДиАнтони. Тој е вработен овде со причина. Дојде во клубот да ја поправи офанивната игра и да донесе резултати. Кога почна со работа, тоа делуваше малку конфузно, како да отсуствуваше нешто од неговата филозофија и се се претвори во “шоу на Коби“. Кога играта на Лејкерси ќе се претвори во “шоу на Коби“, тие не играат добро.“,
вели Мета Ворлд Пис кој на натпреварот со Фили имаше 19 поени со рекорд скокови во кариерата - 16. Коби изброја до 34, додека играта на Мета полека Лејкерси го враќа во нормала.
“Кога Коби шутира толку, тоа носи притисок во тимот. Кога тимот е под притисок, тоа не е добро за нас. Ние треба колективно да го притиснеме ривалот. Сите 5 играчи кои играат кошарка требаат да се вклучени во играта, а не таа да биде предводена од еден играч. Сите мораме да трчаме еднакво, да играме еднакво и да учествуваме во нападите еднакво. Секако, брзата кошарка ги троши играчите, но добро е што против Фила добро трчавме. Сјајна работа е тоа што Коби ја додаваше топката, правеше блокови. ДиАнтони ни рече дека сите мораат да ја чепнат топката за 16 секунди. Доколку тогаш не се најде решение за поен, тогаш топката им се дава на Коби или Двајт. Не смееме да играме така, ако играме така топката би била само во Коби.“,
смета Мета Ворлд Пис.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment