Резултати од осмото коло
Written By Unknown on 18.12.12 | 20:00
Во осмото коло се одиграа четири нови и интересни наптревари во кои се сменија местата на табелата. Првиот наптревар се одигра во Битола каде што Струмица на гости го совлада домашниот тим со конечни 55-68. Најефикасни за тимот од Струмица беа Богоев со 14 поени и 6 асистенции, Јанушевиќ со 14 поени и 9 скокови и Гоцевски со 14 поени и 8 скокови. Сепак Пелистер Спорт имаше добри поединци како Захариевски со 17 поени и 7 скокови, Петковски со 9 и Атанановски со 8 поени.
Вториот наптревар беше доста интересен. Тимот од Сарај успеа на гости да го победи Фени Индустри со 91-81. Лирија во првата четвртина поведе со 30-15 и успеа водството да го задржи до крајот на наптреварот. Најефикасни за Лирија беа Тасовски со 20 поени и 5 асистенции, Угриновски со 17 и Симиќ со 15 поени. За тимот од Кавадарци најефикасни веа Брчков со 17 поени и 6 скокови, Кнежевиќ со дабл-дабл учинок (14 поени и 13 скокови), и Соколов со 15 поени.
Во третиот наптревар, Куманово успеа на домашен терен да ги совлада Вардар со 87 - 65. За тимот од Куманово најефикасни беа Јаневски со 22 поени и 8 скокови, Костоски со 16 поени и Микиќ исто така со 16. За црвено - црните како и секогаш најефикасен беше Керкез со дабл -дабл учинок (15 поени и 14 скокови) и Лефковски со 14 поени и 9 скокови.
Осмото коло се затвори со наптреварот помеѓу Работнички и Кожув кој исто така беше доста интересен исто како и наптреварот Фени - Лирија. Кожув на гости успеа да оствари победа со 84 - 92. Работнички играа добро прво полувреме, но во второто полувреме гостите од Гевгелија доминираа. За Кожув најефикасни беа Божовиќ со 19 поени и 7 скокови, Пековиќ со 16 поени и Блажевски со 15 поени. За домаќините најефикасни бра Јелесиевиќ со 25 поени и 8 скокови, Зивчевиќ со 15 поени и 8 скокови и Ѓуров со 14 поени.
!–->!–->



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment