Home » , » Селтикс го освојуваат Барклајс центарот со победа против Нетс

Селтикс го освојуваат Барклајс центарот со победа против Нетс

Written By Unknown on 25.12.12 | 20:54

На првиот божиќен натпревар за денеска, Бостон Селтикс дојдоја, видоја и освоија се во Барклајс центарот против Бруклин Нетс. Со конечни 93-76, ги понижија Нетси на гостински терен.

Како најдобар кај гостите се истакна дебитантот Џеред Салинџер, кој од клупата одигра ефективни и високи 33 минути за Док Риверс. Салинџер постигна 16 поени, фати 7 скока и забележа еден изблокиран шут. Ражон Рондо играше поагрисвна и шутерска кошарка, забележувајќи само 5 невообичани аситецнии за него, но Рондо имаше 19 поени со реализација 2-2 од линијата за три поени. Ветераните за Бостон одиграа мала минутажа, но беа доста ефективни и важни и во тие минути што ги одиграа. Пол Пирс во 30 минути забележа само 8 поени, но имаше 10 асистенции и 5 скока. Кевин Гарнет исто така одигра 30 минути, во кои имаше 8 поени, 10 скока и 2 блока. 

Причина за победата на Селтикс несомнено беше одбраната, но забележителен е и 41 скок за Бостон. Селтикси се убедливо најлошиот скокачки тим во лигата, но вечерва беа импресивни под кошевите. Рондо изјави дека рукито Џеред Салинџер направил голема разлика за нив на денешната победа.

Кај Нетси пак, најефикасен беше Брук Лопез со 15 поени и 7 скока, но Брук имаше 4 изгубени топки. Џонсон заврши со 12 поени, а Дерон Вилијамс заокружи уште еден лош натпревар со само 10 поени и 6 асистенции.

0 comments:

Post a Comment