Home » , » Коби Брајант: “Со Неш сме силни како Џордан или Стоктон“

Коби Брајант: “Со Неш сме силни како Џордан или Стоктон“

Written By Anonymous on 26.12.12 | 20:14


Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, изјави дека враќањето на Стив Неш на паркетот неверојатно влијаеше на тимот и дека тоа е главната причина за добрите резултати на Лејкерси во последно време.

Тимот на Лејкерс ноќва на својот паркет го совлада тимот на Њујорк Никс со резултат 100:94, а еден од најзаслужните за таквото сценарио беше Коби Брајант. Прекрасниот кошаркар на Лејкерси беше на своето ниво и постигна 34 поени. Меѓутоа, ѕвездата на “Езерџиите“ признава дека без Стив Неш овој тим на “Езерџиите“ не би бил ист.

“Тоа што Неш е сега со мене и исто така и Двајт е како Џордан и Пипен да го имале Џон Стоктон покрај себе. Тоа едноставно значи дека имате играч кој секогаш ќе ви овозможи да го правите она што најдобро го знаете. Таквото искуство никогаш не сум го имал во текот на својата кариера. Играв со неколку прекрасни играчи, со мене долго беше Дерик Фишер, играв со Рон Харпер, но никогаш околу мене немав плејмејкер од таков калибар кој во секој момент може да ја излаже одбраната и да ве стави во позиција за шут. Да имате човек кој толку добро го организира нападот е навистина нешто бесценето“,

полн е со зборови за новиот соиграч Коби Брајант. Искусниот Неш во натпреварот со Њујорк беше на своето ниво, постигна 16 поени со 11 асистенции.

“Тоа што го имаме Неш во тимот само ми отвори простор да го правам она што најдобро го знам - да го забивам противничкиот обрач. Неверојатно е колку добивме со доаѓањето на Неш. Тој е човек што многу добро раководи со нападот, тоа никогаш не го имам видено. Со самото тоа, Двајт може да го прави она што најдобро го знае. Пау исто така. Сите испаднавме подобри играчи само поради тоа што имаме толку добар играч во тимот“,

Брајант го фали Неш. Тренерот на Лејкерси, Мајк ДиЕнтони, се надева дека тимот конечно го фати вистинскиот ритам, но фасциниран е со “танцот“ на Стив Неш на паркетот.

“Верувам дека Стив ќе ни обезбеди шанса да победуваме секоја вечер. Ни ја носи неопходната енергија на паркетот. Со Стив во тимот невозможно е некој кошаркар да не влезе во ритам. Тој едноставно ги храни луѓето со топката и го гради секој напад. Со него е се како сложувалка, тој ја завршува, тој беше делот кој нам ни недостасуваше. Ни носи сигурност на паркетот“,

вели ДиЕнтони.

0 comments:

Post a Comment