
Лејкерси оваа сезона ја отворија многу лошо, имаат учинок од 13-14, но треба да се каже дека имаат три победи во низа. Од друга страна Двајт Хауард игра солидно, но на сите им е јасно дека може подобро од моменталните 17,8 поени и 11,9 скокови што му е сегашен просек.
Како еден од главните причини за бројките кои му се полоши од раните години, популарниот “Супермен“ наводно има големи проблеми со грбот. Тоа е повредата која ја “влечеше“ претходната сезона додека ги бранеше боите на Орландо, а после тоа, во текот на ова лето, ги пропушти Олимписките Игри во Лондон за да ги санира проблемите.
“Сеуште чувствувам болки во грбот, не се чувствувам добро на теренот. Луѓето тоа не можат да го видат ниту да го разберат. Тие доаѓаат на натпревар, ме гледаат како секогаш се смеам и како забивам и мислат дека се е во ред. Гледаат кога ќе направам блок и велат: “Ха, па со него е се во ред“. Меѓутоа, не сум во ред. Потребно е време да се санира повредата. Тоа не е едноставен процес“,
рече Хауард и додаде:
“Сигурен сум дека луѓето не разбираат. Јас чувствувам дека не сум како што треба, чувствувам понекогаш струење на крвта низ нозете, па се до петите... Понекогаш целосно се парализирам поради тоа, дури и не ги чувствувам сопствените нозе. Докторите ми најавија дека такво нешто ќе се случува. Ми рекоа дека ќе ми бидат потребни дури девет месеци пред работите да се вратат во нормала. Јас не сакав толку да паузирам, луѓето мораат да разберат дека и понатаму сум повреден“,
објаснува Хауард.
0 comments:
Post a Comment