
Неприкосновената ѕвезда на Лејкерси и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Коби Брајант, од неодамна е член на “клубот 30.000“. Иако влезе во залезот на кариерата сјајниот играч оваа сезона е убедливо најдобар стрелец на “Езерџиите“, иако како што вика и сам, полека се ближи денот кога ќе и рече “збогум“ на играта која го прославила.
“Можеби наредната сезона ќе ми биде последна во кариерата“,
вели Брајант. Кога игра тој моментално се чини дека би можел уште долги години да владее на НБА паркетите. Тајната на успехот е како што Брајант, напорните тренинзи.
“Морам многу да работа. Како и секој човек во овие години чувствувам дека телото ми е поспоро. Тоа ме мотивира повеќе да работам“,
вели Црната Мамба. Интересен е одговорот на Брајант на прашањето на тоа дали би можел да постигне повеќе поени во кариерата.
“Веројатно да, ако не играв со Шекил О’Нил“,
вели Коби. Иначе, од порано е познато дека Шек и Брајант не се во најдобри односи, но ретко се гледаше тоа на паркетите.
0 comments:
Post a Comment