
Иако Смарт не ги соопшти деталите околу кавгата сепак изјави дека Казнс бил на клупата поради “однесување кое е штетно за тимот”. Смарт исто така кажа дека се уште нема одлучено дали и како ќе го казни Казнс за неговото однесување. Од камерите кои го пренесуваа натпреварот може да се забележи дека Казнс и Смарт имаа вербални расправи помеѓу 1/4 и 2/4 а наводно расправијата се вжештила на полувремето, во соблекувалната.
Казнс се извини по завршувањето на натпреварот и изјави:
“Oна што се случува во соблекувалната тамо и останува, но не бев во право.”
Запрашан дали ќе превземе и што треба да превземе за да ги избегне ваквите ситуации во иднина, со оглед на тоа дека ова не му е прв испад или прва кавга, Казнс кратко изјави: “Не враќајте. Кога ќе ви кажат нешто нека остане на тоа, прифатете го.”
Според медиумите во Сакраменто, причината за кавгата била во тоа што Смарт во ротациите и во начинот на игра се фокусира на Арон Брукс, и според Казнс не правел планови за иднината на тимот туку имал краткорочни погледи.
Свој став за целиот случај даде и Коби Брајант кога беше запрашан за мислење во врска со однесувањето на Казнс.
“Се што треба да направи е да работи, да се подобрува, ништо друго само тоа. Кога ќе им се препушти на емоциите тогаш настануваат проблемите, тогаш луѓето не зборуваат за неговата игра на теренот туку неговите кавги и испади”.
Казнс летово имаше расправија и со Џери Коланџело, еден од тренертите на олимпискиот тим на САД оваа година, влегоа во вербална расправија на натпреварот кој тимот на САД го одигра против Селект тимот на САД од кој Казнс беше дел. Исто така имаше кавга и со еден новинар после еден натпревар против Сан Антони Спарс, а и имал кавги со сите досегашни тренери на Кингси.
0 comments:
Post a Comment