Иако Визардси во претходните 14 натпревари имаа скор од 1-13, тоа не им сметаше да ја прекинат серијата на Мајами од 6 победи по ред со 105-101. Вашингтон беше подобар во целиот натпревар, имаа едно време и +12 поени предност. Сепак во финишот на мечот, Мајами се приближи, но сигурната рака на Џордан Крофорд од линијата за слободни фрлања беше доволна за експлозија од воудушевување во “Verzion“ центарот.
Во редовите на Вашингтон најдобар беше Џордан Крофорд со 22 поени и 6 асистенции, Кевин Серафан имаше 16 поени и 10 скока. Ел Џеј Прајс додаде 14 поени.
На Мајами не му помогна ниту блескавата партија на ЛеБрон Џејмс кој оствари трипл-дабл со 26 поени, 13 скока и 11 асистенции. Двејн Вејд имаше 24, додека Бош 20 поени.
Ништо помалку возбудливо не беше ни во Тексас, каде Хјустон ги дочека Лејкерси и’ им нанесе нов пораз - 107-105. Рокетси успеаа да надокнадат -11 поени на 7 минути до крајот, а потоа и да ја одбранат предоста. Лејкерси го имаа последниот напад, но прво Коби Брајант промаши тројка за победа, а после офанзивниот скок на Мета Ворлд Пис ниту тој не успеа да погоди за продолжение.
Херој на Рокетси беа играчите од клупата, кој имаа рекордни 59 поени - Тони Даглас со 22 поени, 21 имаше Грег Смит, 15 додаде Карлос Делфино, а од стартерите најдобар беше Џејмс Харден со 15 поени, 10 скока и 6 асистенции.
Коби Брајант за Лејкерси, кои играа без повредениот Пау Гасол, имаше 39 поени, додека Хауард имаше 16 поени и 12 скока, но повторно беше слаб од слободните фрлања даде 8 од 16 обиди. Треба да се истакне дека на Коби Брајант му фалат само 13 поени за да стигне до 30.000 илјади поени во кариерата.
Оклахома и Мемфис ја продолжија трката за челната позиција на Западот. Тандерси до 6та победа стигнаа против Нетси сред Бруклин со 117-111. Гостите во средината на 3/4 имаа +16, но потоа се враќаат во мечот и стигнуваат до победа. Кевин Дурант повторно беше на ниво, даде 32 поени со 5 скока и 6 асистенции. Расел Вестбрук имаше 25 поени и 9 асистенции, а Серж Ибака 18 поени и 6 скока.
На другата страна шоу имаше Дерон Вилијамс - 33 поени и 7 асистенции, Ендру Блеч даде 19 поени и 11 скока, а исто дабл-дабл запиша и Крис Хамфрис со 12 поени и 12 скока.
Мемфис славеше над Феникс по продолжение со 108-98, иако Санси имаа едно време и +16, домаќинот успеа да се врати во живот, да осигура продолжние и рутински да слави. Партија на сезоната имаше феноменалнио Зек Рендолф со 38 поени и 22 скока. Мариз Спејтс даде 16 поени, по 14 имаа Марк Гасол и Руди Геј. За Санси 19 поени даде Горан Драгич, а 16 имаше Луис Скола.
Минесота беше доминантна во Филаделфија со 88-105. 7 кошаркари на Тимбервулвси имаа двоцифрен поентерски учинок, а најдобар беше рукито од Русија, Алексеј Швед со 17 поени. 16 додаде Џош Хауард. Интересно е дека меѓу двоцифрените учиноци не беше Кевин Лав, ниту Никола Пековиќ кој имаа по 6 поени.
Индијана славеше во Чикаго - 80-76, а вечер за незаборав имаше шутерот на Пејсерси Пол Џорџ со 34 поени и 9 скока.
Денешни Резултати :
Филаделфија Севенти Сиксерс 88-105 Минесота Тимбервулвс
Вашингтон Визардс 105-101 Мајами Хит
Бруклин Нетс 111-117 Оклахома Сити Тандер
Чикаго Булс 76-80 Индијана Пејсерс
Мемфис 108-98 Феникс Санс
Хјустон Рокетс 107-105 Л.А Лејкерс
0 comments:
Post a Comment