Home » , » Попович :“Данкан и Гарнет играат како да се на врвот во својата кариера“

Попович :“Данкан и Гарнет играат како да се на врвот во својата кариера“

Written By Anonymous on 4.12.12 | 22:03


За тренерот на Спарси, Грег Попович нема никакви дилеми : Тим Данкан (36) и Кевин Гарнет (36), двајцата ветерани, играат како да се во зенитот на својата кариера.

Имено, тренерот на “Мамузите“, апсолутно е воудушевен од настапите на својот крилен центар кој во текот на оваа сезона во 17 натпревари има 18.9 поени и 10.1 скока. Тоа се бројките кои играч ги немал од сезоната 2008/09, а на теренот поминува по 31 минута, три во просек повеќе од минатата сезона.

Бројките се за почит бидејќи овие бројки не можат да ги остварат и играчи кој се помлади од Тим и една деценија, а исто така тие не го оставија рамнодушен тренерот Грег Попович кој вели :

“Неверојатно е тоа што неговата кондиција и форма не се менуваат без обзир што секоја година е се постар и постар. Мене искрено ми се чини дека Данкан поседува некој таен еликсир на младоста кој го пие со време за да остане во форма. Ако ме прашувате мене, истото се случува и со Кевин Гарнет. Тие двајца имаат некоја тајна напивка.“

0 comments:

Post a Comment