Home » , » Вејд: “Јас сум се, само не валкан играч!“

Вејд: “Јас сум се, само не валкан играч!“

Written By Anonymous on 28.12.12 | 21:32


Голема прашина се крена околу инциденот кој се случи за време на мечот помеѓу Шарлот и Мајами кога во дуел се најдоја Двејн Вејд и Рамон Сешнс. Имено, популарниот “Флеш“ со ногата го удри плејот на “Дивите Мачки“ во т.н “незгодното место“ што беше повод за општа тепачка на паркетот.

Веднаш после мечот, плејмејкерот на Бобкетси изјави дека смета дека Двејн Вејд намерно го удрил, а челниците на НБА лигата се решија да го суспендираат бекот на Мајами. По тој повод играчот се огласи преку популарната интернет мрежа “Twitter“.

“Јас сум далеку од валкан играч. Плус, мојата намера никогаш не беше да го шутнам Сешнс. Јас само реагирав на контактот во кој се пронајдов со него и погледнете се како испадна. Повеќе од се ми е важно децата да ме гледаат како игра, не сакам пред пензијата да слушаат некои лоши приказни за мене. Немам избор, ќе продолжам и натаму да бидам спремен за враќање на паркетите“,

напиша Вејд.

0 comments:

Post a Comment