
Тој во детската доба имаше старо лице на кое јасно можеше да се прочита генерацијата во која живееше. Неговите очи, никогаш комплетно не се проширија над често избразденото чело... Неретко изгледаше изгубен во место во кое собира мелахолија, понекогаш луташе назад и напред... Потоа, тука е телото кое имаше висина од 208 цантиметри. Неговата личност ја красеше совршената рамнотежа помеѓу амбициите и умреноста во својот изглед, кошаркарско знаење збогатено со широк асортиман на вештини... Длабокиот глас само ја комплетираше илузијата кога стануваше збор за најдобар играч на сите времиња...
Но, не е. Можеше да биде...
Сепак, лажната слика на неговите појави, неговата личност, харизма и игра не се поклопуваа со реалноста. Шон Кемп можеби така требаше да изгледа на 37 години кога безуспешно би се обидувал да ја заврши кариерата, безмалку играјќи со топката, некаде во Италија, само упорно рушејќи ја сликата за големиот играч кој до тогаш би бил страв за противниците во НБА лигата... Проблемот беше тоа што тој така изгледаше на 20. години. И тогаш неговата душа ги отвараше вратите на собите во кој беа само напатените луѓе...
Во јавноста, за оние кои и ден денес се сеќаваат, Кемп остана запамтен како човек кој се леснотија изведуваше што сака на теренот, дали станува збор за “забивања“, гимнастички вртоломи или дриблинзи воопшто не е важно. Славата ја стекна во Соникси, својот занает го работеше меѓу мажи, но бегството од напорната работа секогаш го бараше меѓу децата...
За оние младите, познат како “Владат“ или “Реј Мен“ остана само како еден од оние момци кој газеле низ НБА лигата, но без поголема слава. Блејк Грифин пред Блејк Грифин. Човекот кој имаше се и беше нешто, а потоа поради низа погрешни одлуки, своите глупости, го избра патот на кој повторно беше никој и немаше ништо... Психолозите велат дека за сето ова има една причина. И дека таа причина лежи во тешкото детство. А за целата приказна да има добар камен темелник ние мора да се навратиме назад, далеку назад.
Треба да се вратиме до 28ми ноември 1969та година во градот Елакарт во Индијана. Баш тогаш, во таа населба која денес одвај брои околу 50.000 луѓе, на свет дојде Шон Кемп. Она што е интересно за Елактат е дека сите во него, живееја на оној светол пат... Да се биде црнец во населба од белци, во тоа време не беше лесно.
Мпжеби баш поради тие години Шон Кемп стигна во НБА лигата, на универзитетот Кента, еден негов пријател по име Ворен Робертсон рече:
“Кемп е најголемиот борец кој сум го видел некогаш. Тој е човек на кој му е платен данокот, но и кој ке ви го наплати вас. Тој е голем човек, а уште поголемо дете. Запамтете го тоа“,
рече Робертсон тогаш.
Меѓутоа, сликата за Шон Кемп веќе беше направена. Тогаш тој сана она што сите покасно ќе го видам. Своите таленти ги стегна во кошаркарската луда држава Индијана. Но токму поради местото во кое што е роден, им рече “не“ на Индијана Хуџерси, едни од престижните држави кои во своите редови сакаа да ја имаат “кош машината“ Шон Кемп. Едноставно не сакаше да остане во Индијана. Сакаше да замине што подалеку од таму. Се одлучи за Кентаки, а Хуџерси му беа најголем ривал под кошот. Тоа му беше самот мотив повеќе.
Поради своите одлучи да ја напушти Индијана, секако, не беше омилен меѓу навивачите. Фановите се чувствува издадени, како маж кој би ја затекнал жената со љубовник или обратно... А таа приказна е веќе од факултетот. Маките на Кемп почнаа уште во средношколските денови. И тој на лошите односи со публиката и тоа како се навикна.. Како и многу други од Елакорда и Кемп се запиша во школото Конкорд. Иако делува незамисливо, во тој момент беше од двајцата црни играчи. Наместо да го бодрат фановите го навредуваа често на расна основа... Во првите три години од средното школо местото на клупата за Шон Кемп беше резервирано.
Сето тоа, остави трага во овој кошаркар. И покрај некоректното однесување на неговите “навивачи“ Кемп продолжи да работи на себе. Дури во 4тата година стекна сјајни бројки. Се докажа, им покажа на сите колку вреди. Во својата сениорска година имаше по 22 поени во просек, беше прв стрелец на тимот и еден од оние кој се најталентирани. Добрата игра во дресота на средношколскиот тим ги доведе и скаутите. Кемп ниту во еден момент не знаеше за кој универзитет да се одлучи. Знаеше само за кој не: било кој во државата Индијана. Му беше мака од се. Сакаше поддршка од трибината, а не навреди...
“Шон успеа да скрие некои работи од приватниот живот и многу луѓе на знаат за тоа, а и не треба. Тој беше соочен со многу работи во средно школо. Мораше да расте што побрзо“,
вели Кери Елисон, роднина на Кемп. А идната ѕвезда на Сиетел не само што имаше неволји во натпреварите на тимот, Кемп сигурно не мораше да смета на школските другари. Беше, поради бојата на својата кожа, нарекуван како црна овца, во поминување никој не му зборуваше, а можеше да се надева само дека тие приказни ке престанат. И ги имаше приказните. Стотина... Меѓутоа баш пред крајот на средното школо, Кемп порасна 13 цантимети. А баш во периодот на завршните годин во Конкард, и неговите први години во НБА лигата, тој созреа за 10 години. Тоа за него беше еднствен начина да сфати како успеа да дојде пред своето време.
Повеќе не му беше важно што велат навивачите, наместо “МВП или НБА“ често скандираа и “повторувач“ бидејќи Кемп често поради кошаркарски обврски често не беше на настава. Во својата 21ва година Кемп го зазеде местото на најмлад играч во НБА лигата, дојде во позиција да стане скриена моќ на еден НБА тим, Сиетел Супер Соникси. И додека неговите колеги од колеџ стигнаа во НБА во 1992 година, Кемп сигурно беше во огромна предност, собра стаж од 4 години и во лигата изгради репутација од еден од најатрактивните играчи со феноменални продори и забивања од кои застанува здивот...
Уште една работа му беше важна во животот: покрај проблемите во средно, неговиот приватен живот течеше како немирна река уште од мали години. Неговите родители се развеле уште кога тој бил во градника, а тој живееше со својата мајка, Барбата и сестрата Лизи во Елкарт. По растот од епизодната серија во Конкард, Кемп имаше право на вртоглава машина во Кентаки. Поради лошите резултати во школската клупа, Кемп мораше на репорт кај педагогот, не го помина минималниот услов за следната година. Тренерите на Кентаки се надеваа дека разговорот со стручно лице ќе ги реши сите негови маки.
Наместо да се решат, тие се зголемија.
Наместо да му се посвети на учењето, Кемп откри средство со кое најлесно може да се побегне од реалноста-наркотиката. Чекор по чекот, проблемите со конзумирање на психоактивната супстанца стануваа се поактивни. Покрај сето тоа, во секој чекор се наоѓаше во неволја. Кентаки веќе не беше погоден универзитет за овој играч. Меѓутоа, и покрај проблемите успева да се исчисти и да се качи над се. Секогаш, колку и да луташе излегуваше на правиот пат. Годините кои ќе дојдат ќе покажат дека овој човек во некоја рака е роден под среќна ѕвезда. Сите договори покасно кои ги потпишуваше ќе му донесат многу пари, во кариерата заработи скоро 100 милиони долари.
“Само сакав да ја забивам топката. Кога и да имав шанса, сакав да тргнам кон обрачот снажно. Секогаш ме предизвикуваат центарите, никогаш не ми беше важно дали ќе забијам над некој бек. Денес кога би играл, не би се чувстувал посебен да забијам преку Коби или ЛеБрон. Тоа не ми е поентата. Сакам тоа да го правам преку високите момци“,
вели Шон Кемп. А и така играше во НБА лигата. Затоа и го доби прекарот “Реј Мен“, беше самоуверен “владетел на обрачот“. Веќе од втората сезона бележеше 15 поени и 8 скока по меч. Неговото лице стана заштитен бренд на НБА лигата, беше на многубројни постери, го стекна конечно тоа што го заслужи, тоа шо секогаш му недостасуваше: почит и забележителност за тоа што го направи. Меѓутоа веќе беше касно. Од навиките не се бега. Не велат докторите за џабе “еднаш наркоман-засекогаш наркоман“. Кривиот пат го продолжи и во НБА лигата. Цената мораше да биде платена. Сиетел се одлучи да се одрекне од својата ѕвезда. Пред почетокот на милениумот Шон Кемп веќе не личеше на оној стариот. Не беше покретен, не беше ексползивен и не можеше да ја забива топката како некогаш.
“Можам во секој момент да бидам на дрога. Тоа е мое минато, јас со тоа одамна завршив. На тоа ставив точка. Само сакам да бидам најдобар и да играм кошарка“,
вели Кемп. Меѓутоа тоа не беше главна причина поради која овој играч успеа да “прокоцка“ скоро се. Заедно со парите, во животот на Кемп доаѓаа и нови проблеми. Како маж Кемп имаше една маана: не умееше да рече “не“ на било која девојка. За време на играчките денови во Сиетел, овој човек ширеше гени на секој чекор. На крајот, заврши татко на 6 деца, а неофицијално се зборува дека ги има барем уште толку. Токму бројот на децата со исто толку различни жени, го чинеше овој кошаркар делење на богатството за плаќање алиментација...
Иако тврдеше дека ставил точка со дрогата, во 2005та година беше уапсен бидејќи полицијата во неговиот автомобил пронашла кеса со марихуана и кокаин... Неговата кариера беше одамна готовоа. На крајот, во потрага по парите, во 2006та година потпиша со Денвер. Меѓутоа челниците не сакаа да имаат ваков играч во тимот. Проба во Италија, потпиша договор со Монтеграна во 2009та година иако имаше полни 39 години. Ни тоа не му успеа. На Шон Кемп сега му останаа само сеќавањата на човекот кој еднаш беше “владетел“ на обрачите, човекот кој имаше се и беше некој и на крај повторно стана - никој и ништо...
Можеби, сега, ќе разберете зошто Реј Мен беше старо-млад со своите 20 години. Можеби некои потези и можат во некоја рака да се оправдаат... Но тоа што сигурно нема да може да му се прости е тоа што никогаш до крај не го искористи својот потенцијал со кои располагаше...
0 comments:
Post a Comment