Home » , » Рики Рубио :“Со повредата не го изгубив чувството за кошарка“

Рики Рубио :“Со повредата не го изгубив чувството за кошарка“

Written By Anonymous on 4.12.12 | 11:34


Плејмејкерот на Минесота Рики Рубио (22) спремен е да се врати во акција прв пат после тешка повреда на коленото која ја заработи во март претходната година. Прекрасниот кошаркар вчера прв пат беше на тренинг, а новинарите сакаа да знаат како ќе се снајде кога ќе се врати на теренот.

Какво е чувството да се работи со полна пареа после толку време ?

“Се чувствувам многу добро. После толку голем временски период конечно сум на паркетот повторно. Убаво е повторно да се работи со соиграчите на теренот“.

Дали ќе биде потребно некое време пред да почнеш да заиграш во целосна форма?

“Секако дека ќе ми треба време, немам играно кошарка долго време, морав да ја стопирам кариерата за некое време. Но јас сум среќен што се вратив иако знам дека нема веднаш да играм“.

Дали размислуваш за тоа сличната повреда да не ти се повтори ?

“Се трудам да не размислувам на тој начин. Меѓутоа, понекогаш додека работите сваќате дека сте имале озбилна повреда, но воглавно се чувствувам многу добро. Свесен сум дека морам да работам напорно, а она што го посакувам е да сум совршен кога ќе се вратам на паркетот“.

Дали се чувствуваш спремен да дадеш се од себе и во фазата на одбрана, дали имаш сила за такво нешто ?

“Сеуште сум спор, но работам на тоа, трчам со соиграчите, но никокаш не е исто како кога ќе излезите на теренот без оглед на тоа колку работите. Мојата визија на теренот сигурно не исчезна или испари.“.

Се зборува дека Андреј Кириленко многу ти помага во заздравувањето ?

“Да, често работиме заедно, ми зборуваше како да се однесувам кога имам одреден проблем, ми даваше одредени насоки бидејќи и тој имаше слични проблеми во неговата кариера. Свесен сум дека морам напорно да работам и да прекинам кога ќе осетам голема болка. Сепак, одредени прашања не можат да се одговорат и морам да пројдам низ сето тоа“.

0 comments:

Post a Comment