
Имено, Лав во јавноста даде изјава дека планира да си замине од клубот кој бележи лоши резултати. По таа изјава дојде и силен одговор од сопственикот на клубот, Глен Тејлор, кој го обвини Лав дека е главниот играч за слабите резултати.
Крилниот центар на Тимбервулвс Кевин Лав нема намера да остане во таборот на Минесота. Тој верува дека има голема улога во тимот и дека нема доволно поддршка од соиграчите кои, по неговото мислење, не се доволно квалитетни за добри резултати. Таков јавен настап на еден играч ни малку не му се допадна на сопственикот Тејлор.
“Навистина не знам што мислат луѓето и дали тие го доживуваат Кевин Лав како некоја ѕвезда ? Дали е тоа Кевин Лав над сите клубови за да дава такви изјави ? Ако мене ме прашувате, тој не е никаква ѕвезда. Да, Минесота одамна веќе би била во плеј-офот“, рече сопственикот на “Волците“ Глен Тејлор.
Крилниот центар на Минесота оваа година на своето ниво, до сега има девет настапи во кои бележеше по 21,2 поени со 14,2 скокови по натпревар. Изјавата на сопственикот на клубот малку го излуди овој играч кој веќе извесно време размислува за тоа дали да поднесе барање за трејд.
“Тејлор вели дека сум лош? Како да го однесам тимот во плеј-оф кога немам никаква поддршка од соиграчите? Еден човек не може се сам“, објасна Кевин Лав.
Крилниот центар на Минесота признава дека можда отишол чекор понапред во своите известувања околу заминувањето од клубот, но вели дека не е единствениот кој не ги почитува клупските правила. Имено, тој се пожали на тоа што главниот менаџер на тимот, Дејвид Кан, доаѓал во соблекувалната давајќи му разни документи и од Лав барајќи потпис на одредени договори.
“Можеби претерав. Но не сум единствениот кој не ги почитува сите протоколи. Знам што е исправно, а што не, можда имам само 24 години, но не сум апсолутно детиште“, рече играчот на “Волците“.
Прекрасниот кошаркар на Минесота го пропушти првиот дел од оваа сезона поради повреда на раката. Тој додаде дека има лош третман во својот клуб и откри дека дури доаѓало до прашање и неговата здравствена состојба, а членовите на Минесота веруваа дека не повредата не била толку сериозна за да паузира.
“Постојано ме прашуваа како ми е раката. Тоа е неверојатно. Се однесуваа како јас да не сакам да играм. Со постојаното прашување неадекватни прашања го доведоа прашањето за мојата чесност и интегритет. Таквите работи навистина ме заболеа“, рече Кевин Лав кој е уверен дека некои односи на тренерите Рик Аделман и Дејвид Кан не се баш на нормално ниво. Тој смета дека во клубот се работи на системот “од денес до утре“, па Минесота ни малку не остава впечаток на сериозна организација...
“Членовите на клубот секоја година имаат некои нови идеи. Делуваат комплетно загубено. Како да не знаат што прават. Таквото однесување не може, а да не дава впечаток на секој човек. И тогаш доаѓате во ситуација да се запрашате: “Дали овде има некаков план?“. Мислам, евe ги прашувам отворено: дали постои во Минесота некаков план?“, огорчен е Кевин Лав.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment