Home » , » Грег Попович: “Стивен Џексон не е нормален, само виси на Твитер“

Грег Попович: “Стивен Џексон не е нормален, само виси на Твитер“

Written By Anonymous on 31.12.12 | 14:57


Тренерот на Спарси, Грег Попович е огорчен од однесувањето на својот искусен бек Стивен Џексон (34), кои, според мислењето на “Поп“, по цел ден е уклучен на сите можни друштвени мрежи, а пред се на “Твитер“.

За играта на Сан Антонио, Стивен Џексон е важен сегмент. Сјајниот Тим Данкан вели дека “Капетанот“ Џек е машина која игра во плејофот, а во текот на предходните сезони овој човек се покажа како играч кој игра и е најдобар кога е најпотребно.

Меѓутоа, неговиот темперамент не е спорен, неодамна заработи казна од НБА лигата поради заканувачките пораки кон Серж Ибака на “Твитер“. На вчерашниот тренинг на “Мамузите“, Попович ги објаснуваше тактичките замисли, а кога се сврти, го виде Џексон како пишува порака на својот телефон. Ова на “Поп“ не му се допадна.

“Стивен Џексон е одличен играч, но е човек давеж, апсолутно се однесува ненормално. Кога и да го видам е на ’Твитер’. Верувам дека додека го зборувам ова тој е на ’Твитер’. Веројатно ќе го казнам ако не се вразуми“,

вели Поп во свој стил и додава:

“Не знам што да правам со него. Можеби да ги барам челниците и да барам пак да го казнат. Или да им речам: ’Океј е момци, разговарав со него, се ќе биде во ред“,

објаснува Попович. Меѓутоа Џек имаше што да каже во своја одбрана:

“Не бев денес на ’Твитер’, денес ’копав’ по ’Инстаграм’.“

вели Џексон обидувајќи се да го смири својот тренер. Меѓутоа, веројатно во таа намера не успеа...

0 comments:

Post a Comment