
Од порано е познато дека многу работи на релација Ван Ганди - Двајт Хауард не беа како што треба. Оваа теза, по изјавата на Ван Ганди, само доби ново поглавје.
“Мислам дека Двајт не изгледа онака експлозивно како што беше во минатото. Денес е играч кој е повисок и појак од сите други центари во лигата, но на теренот не го покажува тоа. Нема повеќе брзина како некогаш, не е истиот играч“,
уверен е Ван Ганди. Популарниот “Супермен“ оваа сезона игра под просекот, дава по 17.6 поени и има по 11.8 скока. Тоа само го охрабри Ван Ганди да продолжи да зборува:
“Во Лејкерси не се снаоѓа најдобро. Не може да се адаптира, да разбере дека не е веќе главен играч и дека секоја топка не оди на него. Сега веќе не е прв, често не е ни втор играч во нападот. ТОа значи дека не ја добива топката во секој напад, а на тоа не се навикна. Тоа е нова улога за него, ќе мора да се прилагоди, а за тоа е потребно време“,
смета Ван Ганди кој е уверен дека Двајт ќе мора да се снајде во новата улога, како играч број два или број три, во новиот клуб:
“Мислам дека Двајт, сакал не сакал, ќе мора да се прилагоди. Меѓутоа, за него ова се е новост, а тој по прв пат се сретна со вакви работи. Нападното му е егото. А што е најлошо, човечкото его не може да се помири дека тој мора да ги менува работите. Тоа не е лесен процес“,
заврши Ван Ганди.
0 comments:
Post a Comment