Home » , » Кевин Мартин сака нов договор со Оклахома

Кевин Мартин сака нов договор со Оклахома

Written By Anonymous on 5.12.12 | 20:07


Новиот член на “Громовите“ станува слободен играч на крајот на оваа сезона и би сакал веќе да го продолжи договорот со тимот.

Бек шутерот на Оклахома Сити, Кевин Мартин (29) станува слободен играч на крајот на сезоната. Меѓутоа, тој уште од сега би сакал да ги започне преговорите со Тандерси за да ја продолжи соработката со актуелниот клуб.

Кевин Мартин на почетокот на сезоната се пресели од Хјустон во Оклахома и се изгледа дека многу му се допаѓа местото на 6ти играч во ротацијата на Скот Брукс. Овој човек моментално заработува нешто повеќе од 12 милиони и на крајот станува слободен играч, но тој и неговиот агент сака да продолжат во Оклахома

“Не сме разговарале сеуште на таа тема, но тоа е една од моите желби. Доведен сум овде за да им дадам поддршка на Рас и Дурант од клупата и уживам во таа улога. За сега се оди според планот што се однесува на тимот.“ - вели Мартин.

Желбата да се задржи Мартин кој сјајно ја завршува работата во Оклахома по трејдот на Џејмс Харден не е ни спорна во таборот на “Громовите“.

“Многу сакам да останам овде. Меѓутоа, на крајот на оваа сезона станувам слободен играч, а тоа не ми се случило. Веројатно би бил најбаран меѓу бековите следното лето, но искрено се надевам дека тоа нема да се случи. Уживам во ОКлахома во овој момент, работите добро одат.“ - завршува Мартин.



0 comments:

Post a Comment