Home » , » Пирс и Риверс :“Кевин Лав е еден од најдобрите скокачи на сите времиња“

Пирс и Риверс :“Кевин Лав е еден од најдобрите скокачи на сите времиња“

Written By Anonymous on 5.12.12 | 20:37


За крилото и тренерот на Бостон нема дилеми - играчот на “Волците“ е една од најголемите сили под обрачите, на сите времиња...

Екипата на Минесота и Бостон вечерва ке одиграат едно од дербите во лигата, во ТД Гарденот. За тренерот и за крилото на Бостон нема никакви дилеми : Кевин Лав е еден од најдобрите скокачи во НБА лигата на сите времиња. Младите сили имаат предност, а она за што се слагаат “Вистината“ и Риверс е тоа дека Кевин е доминатор под кошевите.

“Кевин Лав не е само добар играч. Тој е навистина одличен.“ - велат Риверс и Пирс пред мечот кој е на програма вечерва. Тоа што ги издвојува соиграчите црногорскиот ас Никола Пековиќ од останатите четворки во НБА лигата, по мислење на тренерот на Бостон, е тоа што Кевин Лав има навистина фантастична способност.

“Во времето на модерната кошарка, Лав е еден од најдобрите играчи. Посебно во скок играта. Свесен сум дека слични изјави давав и порано, но тој прави фантастични работи за својот тим.“ - вели Риверс.

Со него се сложи и капитенот на Бостон, Пол Пирс кој рече дека токму одбраната на Бостон ке биде насочена кон Кевин Лав.

“Ќе направиме се што е во наша моќ да го затвориме Лав. Знаеме дека нема да биде лесно. Шефот рече една голема вистина - Кевин Лав е еден од најдобрите скокачи на сите времиња. Ако не и најдобар. Во некоја рака тој е вистински скокачки генерал, но ќе пробаме да го затвориме.“  - вели Пирс.

А да Бостон е апсолутно во прави околу скокачките способности покажуваат бројките на Кевин Лав. Имено, од секоја од неговите 4 сезони Лав имаше повеќе од 9.1 скока во просек. Токму тие 9.1 скока му се најслаби во кариерата, а ги бележеше во својата руки сезона.

Веќе во втората сезона Лав имаше по 11 скока, а оваа сезона по 7 одиграни натпревари има просек од 14,6 скока. Во сезоната 2010/11 Кевин Лав заврши како најдобар скокач со 15.2 скока по натпревар. И следната сезона блескаше со 13.3 скока по натпревар. Само Денис Родман (два пати) и Бен Валас (еднаш) се со поголем број на скокови, уште од сезоната 1983.

Очигледно е дека станува збор за сјајен скокач. Според мислењето на тренерот на Бостон тој поседува неверојатен талент и тоа е за почит.

“Тој има дар, талент... Го гледав на ОИ, на првите натпревари кој беа неизвесни, поготово во првото полувреме. Кевин Лав беше сила под обрачите, тој прави разлика и во поените и во скоковите.“ - вели Риверс.

Меѓутоа, за разлика од Родман и Бен Валас кој се познати како подобри скокачи во модерната доба на НБА, Лав не е играч лимитиран само на скокот. Играчот на Минесота располага со неверојатен арсенал во нападот, секогаш е спремен да поентира, дали станува збор за игра на “лоу-пост“, шут од дистанца или шут за три навистина не е важно.

Во тоа во прилог му одат статистичките параметри кој велат дека Лав минатата сезона имаше просек од 26.0 поени по натпревар, додека оваа сезона има просек од 19.6 поени. Свесни се во таборот на Бостон и напоменуваат дека играчот на Минесота стигна до титулата за најдобар тројкаш на Ол Стар натпреварот.

“Неверојатно е се што знае Лав да направи, колку е богат со напаѓачки асортиман. Тој е крилен центар, но шутира тројки. Кога е прашање за скокот, на сите им е јасно дека е доминатор. Но знае да игра и без топка, со што дополнително е подобар.“ - завршува Пол Пирс.

0 comments:

Post a Comment