Во последниот пораз на Индијана Пејсерс против Атланта Хокс, Ол-Стар центарот Рој Хиберт одигра само 20 минути, фати само 1 скока и не постигнува ниту еден поен. Покрај тоа, одби и да даде коментар за натпреварот кога бил запрашан од еден новинар, нешто што го прави прв пат во неговата 5 - годишна кариера.
Тренерот на Пејсерс Френк Вогел, кога беше запрашан за учинокот на Хиберт во поразот против Хокс, рече: “Не му одеше од рака денеска.“
ОК, се случува да не ти оди некој натпревар. Но, проблемот е што Хиберт имаше многу натпревари каде што "не му одеше". Без Дени Грејнџер, тимот на Пејсерс очајно бара извор на поени во нападот, а Хиберт пружа само 9.5 поени и реализира катастрофални 38% од своите шутеви сезонава.
Доколку не се сеќавате, да ве потсетиме дека Хиберт беше слободен играч минатото лето и беше баран од многу тимови, пред Индијана да го врати назад со максимален договор. Но, ова не се бројките што челниците на Пејсерс ги очекуваа кога му овозможија на Хиберт да потпише максимален договор.
Кога сме кај бројките, треба да се каже и дека Хиберт реализира само 47% од шутевите што ги упатува буквално под кошот. Само за споредба, просекот на реализација на таквите шутеви општо за НБА лигата изнесува 62%. А што е уште полошо, кога ќе ти тргнете на страна сите неговите забивања (20-23), тој реализира уште полоши 37% од шутевите директно под обрачите.
Па, што се случува? Има некој одговор?
Една теорија за лошата сезона на Хиберт говори дека проблемите доаѓаат поради повредата на рачниот зглоб, повреда што датира уште од крајот на минатата сезона. Тим Донахју од "8points9seconds" убаво објаснува како оваа повреда има ефект врз полу-хорокот на Рој Хиберт, што е неговото главно офанзивно оружје.
Во едно интервју за „Yahoo Sports“, кое е старо веќе еден месец, Хиберт зборуваше со Марк Спрејс за неговите проблеми оваа сезона:
“Физички, не е променето ништо. Но морам да преидам преку одредени работи. Проблемите се на психичка база. Ја добивам топката на местата каде што сакам, но шутевите кои што обични влегувале, сега не влегуваат во кошот.“
Хиберт беше задржан на само 8 или помалку поени на шест од последните девет натпревари, а и неговите лимитирани минути во блиски натпревари исто така зборуваат многу. На Ол-Стар натпреварот веќе може да заборави, но тоа и не е толку важно. Важно е да сфати каде е неговата грешка и да почне да консолидира во нападот во преостанатиот дел од долгата сезона.
0 comments:
Post a Comment