
Последниот неуспех тимот на Док Риверс го имаше минатата вечер кога во Арко Арената беа распарчени од Кингси.
“Нешто чудно се случува со нас. Мораме да играме многу подобро. Не знам дали останаа играчите свесни, но се коцкаме, гордоста на најтрофејниот клуб во НБА лигата мораме да ја вратиме. Веќе три натпревари по ред даваме +100 поени, но и натаму губиме. Не им сме ни блиску до нашите противници. Работата станува лична, се работи за гордоста на клубот“,
смета Кеј Џи. Тој верува дека тимот се наоѓа во тешка ситуација и дека води психолошка битка, но, тој смета дека клуб како Бостон мора да најде начин како да се извлече од кризата:
“Мораме да се извлечеме. Оваа генерација направи нешто овде. Вистина, не живеам во минатото, но ова е голем клуб, играчите сакаат да играт овде. А тоа не е без причина. Како што порано играчите го оставаа клубот и наоѓаа некој друг да ја води генерацијата. А ние моментално сме оддалечени од тоа, од патот кој Бостон оди по историјата. Мораме да најдеме сопствен однос и да почнеме да победуваме“,
порача искусниот Кевин Гарнет кој оваа сезона просечно има 14.7 поени и 7.0 скока.
0 comments:
Post a Comment