Home » , » Фил Џексон :“Лејкерси не можат да ја освојат титулата“

Фил Џексон :“Лејкерси не можат да ја освојат титулата“

Written By Anonymous on 14.12.12 | 13:40


Најдобриот и најтрофејниот тренер во историјата на НБА лигата, Фил Џексон смета дека тимот од Калифорнија не може да ја освои титулата.

Лејкерси катастрофално ја отворија сезоната, а после вчерашниот пораз од Никс (116-107) имаат веќе 14 порази во 22 натпревари.

“Мислам дека Лејкерси можат да ја поправат својата игра, но не и да ја освојат титулата“ - смета Џексон.

Легендарниот стручњак наведи дека не сака да се врати во тимот, а сигурно е дека челниците на Лејкерси го избраа ДиАнтони пред него, иако и со него беа во контакт.

0 comments:

Post a Comment