Home » , » Злата судбина на Ламар Одом

Злата судбина на Ламар Одом

Written By Anonymous on 3.12.12 | 23:08

Ламар Одом, играчот на Л.А Клиперс, низ својот живот помина низ многу трагедии.
Ламар Одом (33), од малите нозе не беше миленик на судбината. Татко му беше на хероин, раната смрт на мајката, загинувањето на синот... ова се само дел од работите кој ги проживеа овој крилен кошаркар на Клиперс, Лејкерс, Мајами и Далас...

Приказната на Одом почнува во Саут Јамајка Квинс, дел од Њу Јорк. Крај познат како царство на кокаин во 80’ и 90’ години од минатиот век, каде дилерите ги обавувале своите работи на игралиштата. Сепак мајката на Одом имала различни планови за својот син. Пошто таткото беше завистик на дрога и тотално надвор од семејството, таа сама жестоко се бореше своето дете да го одвои од улицата и криминалот, и тоа во голема мерка и успеа. Сепак не успеа да се избори со својата болест и почина од рак кога Ламар имаше само 12 години. Грижата за детето беше префрлена на бабата Милдред.

“После смртта на мајката, која беше голем шок за мене, Милдред како дете ме научи да ги ценам животните вредности. Вербата во Бог, јаките морални ставови и принципи, почитта кон други луѓе, за да заработам почит. Исто така беше упорна и со мојата кошаркарска кариера. Ми викаше дека кошарката е работа како и секоја друга, и доколку успеам да бидам најдобар, да оставам некој траг.“ - се присеќа Одом.

Како играч на гимназијата Мидл Вилиџ, се прослави со 36 поени во градското финале, му ја донесе титулата на тимот, а како круна на сето тоа дојде и признанието од Парејд Магазинот за избор на најдобар играч во 1997 година. За Ламар се бореа неколку колеџи, но најдбрз беше УНВЛ. Сепак поради финансискиот скандал, колеџот е казнет со забрана од 4 години без учество на турнирите, па Ламар Одом премина во помалку познатиот Роуд Ајленд. За година дена колку што се задржа успеа да да остави една од најдлабоките траги во историјата на колеџите. Одом постигнуваше по скоро 18 поени по меч, а со неговата тројка во последната секунда тимот ја освојува титулата. По сјајната сезона, логичен потез беше заминување во НБА лигата.

Како 4 пик на драфтот во 1999 година го избраа Клиперси. Покрај него во тимот беа и Дариус Мејлс и Елтон Бренд, па помалку познатиот тим од Л.А важеше за еден од најперспективните екипи во НБА. Првата сезона беше сјајна. Бележеше по 17.8 поени, 6.8 скока и скоро 5 асистенции, па сосема заслужено е избран во првата петторка на руките. Сепак следните две сезони ќе донесат лоши работи.

Покрај тоа што Клиперси покрај сите најави не стана сериозен тим, поради повредите кој ги мачеа во тој период, Ламар имаше проблеми во приватниот живот. Марихуаната му беше проблем. Во 2002 година е фатен два пати во рок од 8 месеци како користи забранета супстанца, па доби казна од 5 натпревари неиграње. На конференцијата рече :

“Се изневерив себеси, фамилијата, согирачите. На сите им се извинувам и ветувам дека слични проблеми нема да има. Доволно сум јак да го оставам проблемот во себе и да и се посветам на кошарката.“

Со голема поддршка од клубот, Одом успеа да се врати, но смртта на бабата за која беше врзан и која му беше најблизок член од фамилијата, повторно го “фрли“ Ламар во депресија.

“Знаев дека треба да направам нешто. Ми требаше некој земјотрес, промена која би ме разбудила.“ - се сеќава Одом.

Среќата по него, промената стигна, Мајами Хит и Пет Рајли сакаа да го видат Одом во нивниот тим. Сезоната во Мајами (2003/04) можеби беше и клучна за нестабилниот Одом. Имаше просеци од 17 поени и 10 скока што му се најдобри бројки во кариерата. Имаше голем план со тимот од Флорида, но следеше неочекуван трејд кој не можеше да го запре. Судбината повторно го врати во Л.А, овој пат во Лејкерси.

Сепак, ни во дресот на Езерџиите, судбината не го “мазеше“ и така стигна нова фамилијарна трагедија на 29 јуни 2006 година, на годишнината на смртта на бабата Милдред, најмалиот син на Ламар, шестомесечниот Џејден почина од последици на гушење додека спиел.

“Беше навистина здраво момче, но едноставно тоа се случи. Го прифатив како работа на која не можев да влиаам и едноставно како божја волја. Бев блиску до одлуката да ја напуштам кошарката, бидејќи во еден момент се ми делуваше изгубено. Сепак со верба во Бог, успеав да ја вратам силата и да тргнам од почеток. Дестини и Ламар Џуниор (двете постари деца) ми беа почетничка сила, ме држеа позитивен. Ги истетовирав името на починатиот син и потретот на мајката, и секогаш кога ми е тешко сакам барем на некој начин да се до мене.“ - вели Одом.

Се чинеше дека после смртта на детето, злата судбина замина од Одом. Освои две титули со Лејкерси (2009, 2010), злато на СП со САД, прогласен за најдобар 6ти играч (2011) се ожени со Клои Кардашиан, но...

Април 2011. Се врати суровата реалност. Еден од неговите омилени роднини е погоден во престрелка во Њу Јорк. Ламар веднаш отиде во Њу Јорк да го види, но 24 - годишникот набрзо почина, па на Ламар му остана само да ја повика неговата мајка.

Само два дена покасно, во сообраќајна несреќа, возачот на Одом имаше судар со моторциклист, кој одлетал на пешачки премин и усмртил 15 - годишно момче. Се се случи додека Ламар бил на задното седиште.

“Возачот на моторот имаше некои проблеми, налета на нас, а потоа удри пешак. Следниот ден не можев да тренирам. Се прашував зошто пак...“

Оваа година Ламар се врати во Клиперси, тимот каде започна надевајќи се дека ќе најде мир и ќе и се посвети на кошарката кон крајот. Да се надеваме дека злата судбина ја заврши својата работа со овој добар човек.


0 comments:

Post a Comment