Home » , » Рајан Андерсон вели дека бил непожелен во Орландо

Рајан Андерсон вели дека бил непожелен во Орландо

Written By Anonymous on 27.12.12 | 22:39


Новиот генерален менаџер на Орландо Меџик беше прилично јасен летото кога го презеде тимот. Планот беше да се трејдува Двајт Хауард за неколку различни и талентирани играчи и да се ослободи салари кепот за градење на нов тим во сезоната 2013/14.

Во тој план не беше вклучен Рајан Андерсон кој иако имаше одлична сезона зад себе и ја освои наградата за играч кој најмногу напредувал во сезоната во однос на предходната. Сјајниот шутер на крајот заврши во Хорнетс, но според неговите зборови во Орландо не сакаа да слушнат за него, со што бил многу разочаран.

“Се наслушав минатите месеци луди приказни и идеи од некои луѓе дека сакаат да си одам, да бидам трејдуван. Јас сум во ред со новиот тим и драго ми е што играм овде, но сакам да објаснам неколку работи. Сакам навивачите на Меџик да знаат дека не им го свртев грбот, туку на некој начин бев продаден. На крајот сето тоа е дел од играта и го разбирам тоа на совршен начин“, 

вели Рајан.

Андерсон во трејдот беше заменет за Гусатво Ајон кој отиде во Меџик, а Андерсон со Хорнетси потпиша 4 - годишен договор вреден 34 милиони долари.

0 comments:

Post a Comment