Home » , » Никси без Фелтон 4 до 6 недели

Никси без Фелтон 4 до 6 недели

Written By Anonymous on 27.12.12 | 22:32


Плејмејкерот на Њу Јорк Никси, Рејмонд Фелтон (28) ќе отсуствува од паркетите од 4 до 6 недели поради фрактура на малиот прст на десната рака.

Фелтон се повреди на Божиќ во натпреварот со Л.А Лејкерси, по што го пропушти целиот натпревар со Санси денеска.

Прво се веруваше дека ќе пропушти само неколку натпревари, но деталните тестови покажаа дека има фрактура на прстот.

Во досегашниот дел од сезоната Фелтон со 15.8 поени по натпревар е најдобар стрелец за Никси зад Кармело Ентони и прв асистент на тимот со 6.3 асистенции по натпревар.

0 comments:

Post a Comment