Home » , , » Денот кога Меџик го растажи светот

Денот кога Меџик го растажи светот

Written By Anonymous on 1.12.12 | 18:58

Пред две децении славниот Меџик Џонсон повика конференција за медиумите на која ја објави веста дека ја напушта кошарката бидејќи е позитивен на ХИВ.

Старите сигурно ја памтат генерацијата на Лејкерси наречена “Шоу-тајм“ и доминцијата на Л.А Лејкерси во текот на 80’ години од минатиот век. Трофејната генерација во предводеше Ирвин Меџик Џонсон (53), сегашен член на куќата на славните, еден од најдобрите плејмејкери во историјата на кошарката.

Каква беше само тоа кошарка... Оние кој ја памтат велат - “рај за очи“. Ни пред ни после Меџик не беше типично играч кој е висок дури 206 центиметри да игра на позицијата на плејмејкер. Сепак, човекот со феноменален осет за топка, сјајен дриблинг, буквлано ги “мешаше“ противниците и докторираше со асистенциите, она што ние денес го нарекуваме “no look pass“.

Под дригиренската палка ова момче, кога Лејкерси во 1979 го избраа како прв пик на драфтот, Карим Абдул - Џабар влезе како легенда со најмногу поени во НБА лигата. Нема да речеме дека Меџик беше заслужен за сите 38387 поени, но за добар дел, секако, да. Без сомневање дека многубројните контри предводени од Меџик станаа заштитен знак за тимот. Тие тогаш беа една славна, навистина славна генерација.

Генерацијата за која денес децата читаат од различни магазини и се надеваат дека успесите ќе се повторат и ке жалат затоа што не биле постари во своите очи да ја видат “најдобрата кошарка на сите времиња“. Играчите кој беа во Лејкерси донесоја голем брои трофеи, во кои Меџик учестуваше во сите 5 и беше главен играч. Прочуената снимка во која Меџик дава “гејм винер“ против Селтикси и ден денес е составен дел од многу шпиц емисии за НБА лигата...

Колку беше голем овој играч, можеби најдобро говори податокот дека на забот го зеде и Лери Брд, тогашниот најдобар шутер во НБА лигата, играч за кој стручњаците велат дека е најдобриот белец во НБА лигата до доаѓањето на Дирк Новицки. Така, помеѓу останатото, родено е и најголемото ривалство во НБА лигата. Ривалството помеѓу Бостон и Лејкерс, двата најтрофејни клуба. Ривалство помеѓу Меџик и Брд - два легендарни аса, два сегашни члена на куќата на славните.

Кариерата на Меџик Џонсон константно одеше предобро, се етабилираше како феноменален асистент. За тоа најдобро сведочат и неговите бројки - 10,141 во текот на неговата блескава кариера и денес се задржаа на 4тата позиција меѓу најдобрите асистенти на сите времиња. Многу сметаат дека круната на неговата играчка кариера стигна со освојувањето на ОИ со оргиналниот “Дрим Тим“ во кој беше составен дел.

Сепак, не помина долго откако Меџик со Џордан, Дрекслер, Стоктон и другите се врати од Барса во славеничка атмосфера кога дојде денот кога ке се шокира светот. Имено пред околу 20тина години, Ирвин Меџик Џонсон повика конференција за новинари на која обелодени дека ја напушта кошарката поради здравствени проблеми.

Поголемиот дел од нас со кнедла во грлото или солзи во очите на тој 7 ноември 1991 го посматравме Меџик кој пред цел свет ја соопшти веста дека се повлекува, дека е приморан да ја прекине успешната кариера. За многу, оваа вест беше еднаква на крајот на светот.

За стручњаците - останавме без ривалството Меџик - Џордан. Славниот кошаркар по борбата со неизлечивата болест повторно се врати на паркетот во 1996 година, одигра уште неколку натпревари, само да ни покаже како е кога на паркетот одат вистински мајстори...

0 comments:

Post a Comment