Home » , » Тибодо: “Заздравувањето на Дерик Роуз оди точно по планот“

Тибодо: “Заздравувањето на Дерик Роуз оди точно по планот“

Written By Anonymous on 21.12.12 | 16:28


Тренерот на Чикаго Булс, Тoм Тибодо, е задоволен со процесот на заздравувањето на ѕвездата од тој клуб, Дерик Роуз. Тој изјави дека поранешниот МВП моментално не заостанува во процесот на заздравување, туку се чини дека тоа оди побрзо од тоа што лекарскиот тим на “Биковите“ предвидуваше.

Ако се суди по зборовите на тренерот на Чикаго, Роуз успешно заздравува. Здравствената состојба на овој играч се менува од ден во ден, а она што е извесно е тоа што Роуз не излегува од фокусот на вниманието на јавноста.

“Можам само да кажам дека оди се по планот. Неговото заздравување не доцни ни ден, но не оди ни побрзо од тоа што требаше. Всушност, може да се каже дека оди побрзо од тоа што ние мислевме, но за сега се тоа е во делот од нашите планови. Мораме да бидеме трпеливи. Тоа е вид повреда за која процесот на заздравување е доста долг. Кога ќе биде спремен да се врати - ќе се врати. Нема да го брзаме“,

 рече Тибодо.

Претседателот на Чикаго, Џери Рејнсдолф додаде дека не постои можност повредениот организатор на играта да се врати на паркетот се додека не биде максимално спремен:

“Многу добро напредува, прави многу работи, но сеуште не оди во никаков контакт. Одиме чекор по чекор. Прво влегува во процесот на тренинг во кој ќе остане некое време. Потоа ќе одиме на другите работи. Се надевам дека во другиот дел од сезоната ќе ни се приклучи“, 

порача Тибодо.

Тимот на Чикаго има резултат од 14-10. Да се потсетиме, Ди Роуз го повреди коленото во првото коло на плеј-офот претходната сезона во натпреварот со Филаделфија.

0 comments:

Post a Comment