
Детроит не блеска оваа сезона, а за тоа најдобро зборува положбата на табелата каде го заземаат последното место во Централната дивизија со резултат од 7-21. И покрај лошите резултати, тренерот на овој тим Френк Лоренс верува дека неговиот тим игра се подобро и подобро... Всушност, во споредбата со претходната сезона, Пистонси се полоши затоа што тогаш, после ист број на натпревари, имале повеќе победи, а помалку порази.
Навивачите на клубот со богата традиција од играчите на калибарот Грег Монро, Брендон Најт или Родни Стаки, сигурно очекувале повеќе. Можеби не многу повеќе, но сигурно повеќе.
“Ова што моментално го правиме не се кошаркарски натпревари, ова е нашата борба за живот. Нашиот тренер ни вели да играме подобро, но тоа дали играме подобро или не нема врска со состојбата на табелата која никако не се подобрува. Ако мене ме прашувате, најважно е нашата игра да се покаже низ колоната со резултати, единствено тоа ме загрижува. Мораме да најдеме начин некој натпревар да го истераме до крај, затоа што оваа сезона многу пати сме биле на работ на победата, но сепак таа ни бегаше од рака во последните моменти. Големите тимови знаат да победат кога играат лошо, ние за почеток мораме да научиме воопшто да победиме“,
рече центарот на Детроит, Грег Монро.
0 comments:
Post a Comment