
Веќе на првиот настап Неш запиша 12 поени и 9 асистенции, а тренерот Мајк ДиЕнтони на теренот го држеше дури 41 минута. После натпреварот овој ветеран призна дека не му било лесно да игра после седум и кусур седмици пауза.
“Да ви кажам право, не ми беше лесно. Ова ми е веќе трет ден да играм кошарка после седум седмици пауза. Тоа е прилично долг период. Сепак, не се чувствував многу лошо, можев да издржам на крајот и тоа е она најважното“,
рече Стив Неш после победата на својот тим. Тој смета дека Лејкерси, после катастрофалниот старт, конечно го фатија вистинскиот ритам и дека клубот од “Градот на Ангелите“ конечно ќе реди победи во низа:
“Мислам дека сега сме во добра форма, дека клубот полека фаќа ритам. Резултати не се постигнуваат преку ноќ, за се е потребна напорна работа. Натпреварот со Вориорсите тоа го покажа. Губевме, можевме лесно да одиме на минус 20. Меѓутоа, се боревме, тоа нас не врати во натпреварот, не им дозволивме да направат неостварлива разлика и на крајот славевме. Така мораме да играме и се ќе си дојде на своето“,
рече Неш. “Езерџиите“ со победата над Голден Стејт стигнаа до резултат од 13-14 во оваа сезона.
0 comments:
Post a Comment