Home » , » ЛеБрон Џејмс: “Не ми е целта да бидам прв стрелец“

ЛеБрон Џејмс: “Не ми е целта да бидам прв стрелец“

Written By Anonymous on 23.12.12 | 13:16

Мајами Хит против Јута, дојде до 4тата победа во низ, што не е и толку импресивен податок. Актуелниот шампион, според сите очекувања, ја зазеде првата позиција на Истокот и без големи проблеми ја одработува работата. Лидер: ЛеБрон Џејмс.

“Кралот“ во споменатата утакмица даде 30 поени, имаше 9 скока и 7 асистенции. Успеа да го изедначи рекордот на легендарниот Карл Малоун, кој уште во сезоната 1989/90 имаше над 20 поени во 24 натпревари по ред. Вкупно гледано, ова беше 29ти меч во регуларниот дел од сезоната, каде ЛеБрон ги оствари овие наведени бројки.

Покрај се, Џејмс веќе преку 250 минути нема лична грешка! Иако во меѓувреме доби техничка грешка, поради приговор, последен пат ЛеБрон лична грешка доби на 8ми декември против Хорнетси.

“Бев загрижен кога беше на паркетот, пробуваше да се скрие или од одмараше за време на натпреварот. Меѓутоа и тоа како беше активен во одбраната“, 

вели тренерот на Мајами Ерик Сполстра.

Џејмс вели дека серијата без фаули му годи да ја продолжува кошаркарската серија.

“Не ме интересираат поени. Да сакам, би можел да бидам најдобар стрелец во лигата, но тоа не е мојата работа во Мајами. Мојата работа е да правам се. Скоковите, асистенциите и одбраната се многу важни. Веќе бев најдобар стрелец. Во состојба сум тоа да го повторам, но играта која сакам да ја прикажам некогаш не ми дозволува да давам многу поени“,

вели Џејмс.

Најдобриот учинок по бројот на поени, Џејмс го имаше во сезоната 2005/06 кога просечно бележеше 31.4 поени по натпревар. Во оваа сезона игра просечно 38 минути, дава 25.2 поени, 8.5 скока, 6.8 асистенции, 1.3 украдени топки и 0.9 блока по натпревар.

Пред Џејмс, на листата на стрелци во сезоната 2012/13 моментално се наоѓаат Коби Брајант (29.5 по натпревар), Кармело Ентони (28), Кевин Дурант (27.9) и Џејмс Харден (25.4).

0 comments:

Post a Comment