Home » , » ЛеБрон Џејмс станува најмладиот играч со 20.00 поени во победата на Мајами над Голден Стејт

ЛеБрон Џејмс станува најмладиот играч со 20.00 поени во победата на Мајами над Голден Стејт

Written By Dragan on 17.1.13 | 13:42

Синоќа бевме сведоци на уште еден историски момент сезонава. По 30.000тиот поен на Коби Брајант минатата година, ЛеБрон Џејмс е првиот кој што ќе остави дебел впечаток во историската книга на НБА лигата во новата 2013 година. Тројниот и актуелен МВП играч, синоќа на натпреварот против Голден Стејт Вориорс стана најмладиот играч кој што стигнал до бројката од 20.000 поени во својата кариера, точно на 28 години и 17 дена, рушејќи го претходниот рекорд на Коби Брајант кој тоа го направи на 29 години.

Но пред да се придружи на 20K клубот каконајмлад играч, ЛеБрон направи нешто друго. Асистирајќи му на Двејн Вејд во првата четвртина од натпреварот ја забележа втората асистенција на натпреварот и асистенцијата број 5.000 во својата кариера. 

Некаде подоцна во натпреварот, кога се наближуваше полувремето, ЛеБрон Џејмс одигра изолација над Дејвид Ли (сликата погоре) и го постигна рекордниот 20.000 поен во својата кариера. Со тој достигнат престиж, ЛеБрон се приклучува на клубот од само 12 играчи кои што во својата кариера постигнале барем 20.000 поени, 5.000 скокови и 5.000 асистенции. 

И после толку големи моменти и рушење на рекорди, тешко ќе беше да неговиот тим не извојува победа против Голден Стејт Вориорс. Мајами славеше убедливо со 92-75 над Голден Стејт, а Џејмс мечот го заврши како најефикасен, со 25 поени, 10 асистенции и 7 скока.

Знаејќи го менталитетот на светските (американските) медиуми, со овој надминат рекорд, споредбата на ЛеБрон со иконите на НБА лигата само ќе се вжешти. Уште кога влезе во лигата, талентот на ЛеБрон беше споредуван со останатите играчи, недозволувајќи му на Џејмс да го прикаже својот талент и да создаде слика за себеси што ќе се памети за долго време. Сите тие споредби го засенуваа ликот и делото на Џејмс, затоа што се плус што ќе направеше, беше споредувано со минатото, се додека не ја освои првата титула, нешто што замолчи многу усти во спортската јавност. 

Да се надеваме дека кога ЛеБрон Џејмс успешно ќе ја заврши својата кариера, ќе создаде една слика за голем играч, на која следните генерации ќе се огледуваат и ќе се борат да ја престигнат таа, наместо да се споредуваат со него, како што тој моментално е споредуван со останатите великани на овој спорт.

ЧЕСТИТО МАЈСТОРЕ!

0 comments:

Post a Comment