Home » , » Стефан Кари повторно го повреди глуждот

Стефан Кари повторно го повреди глуждот

Written By Unknown on 17.1.13 | 17:57

На загревањето пред натпреварот со Мајами Хит, Стефан Кари нагази на стапалото од неговиот соиграч Фестес Езили и го извитка глуждот на десната нога, повреда од која заздрави пред почетокот на оваа сезона.

Оваа повреда не е толку сериозна, но знаејќи ја историјата на повреди на Кари, многу загрижени фанови моментално велат "о, не пак!".

На Кари не му беше дозволено да игра во поразот на Вориорс од Мајами, но покрај тоа докторите тврдат дека ова не е сериозна повреда, прашањето е колку време ќе отсуствува плејмејкерот на Голден Стејт? X-Ray снимките беа негативни, но сеуште не е одреден датумот кога Кари ќе се врати на терените. Во интервју по поразот од Мајами, Кари проба да биде оптимистичен за повредата:

“Го немам извиткано зглобот веќе два-и-пол месеци, па лигаментите се прилично здрави моментално. Сега морам да чекам и да видам што ќе се случи.“

“Сум бил во многу вакви ситуации во мојот живот. Незнам дали ова ќе биде брз или бавен процес на заздравување, затоа што претходно претрпев две операции на истиот зглоб. Ќе дознаам што ќе се случи до утре.“ - додаде Кари.

Тренерот на Вориорс, Марк Џексон рече дека незнае колку ќе трае овој процес на заздравување и колкава е воопшто сериозноста на оваа повреда, но рече дека пред Кари повторно да се врати на теренот тој мора да биде потполно заздравен.

Стефан Кари ја игра најдобрата сезона во својата 3-годишна кариера, постигнувајќи по 20.2 поени и 6.6 асистенции, со ниво на ефикасност - PER - 19.2. Сигурно ќе биде конкурент за настап на Ол-Стар натпреварот, како резерва во тимот од западната конференција.

0 comments:

Post a Comment