Home » , » Селтикси го трејдуваат Пирс?

Селтикси го трејдуваат Пирс?

Written By Anonymous on 15.1.13 | 15:48


Бостон Селтикси сепак се спремни да се откажат од легендата на клубот Пол Пирс за да го подмладат тимот за во иднина.

Селтикси започнаа преговори со Никси, Лејкерси и Репторси во врска со потенцијален трејд на Пирс за Амаре Стадемаер, Пау Гасол или Андреа Барњани.

Иако Пирс и натаму е прв стрелец на тимот со 19.6 поени, ГМ на Селтикси Дени Ејнџ смета дека МВП-то од финалето од 2008 година не може да го предводи тимот до нова титула.

Американските медиуми шпекулираат дека Селтикси ги отпуштиле Џарвис Варанда и Крис Џозев за да ослободат место за трејд. Селтикси очекуваат за Пирс да добијат добра понуда, бидејќи и покрај неговата одлична статистика тој следната сезона би требало да заработи $15.3 милиони долари.

Доколку Ејнџ остане при својата замисла, наскоро, а сигурно на лето, можеме да очекуваме дефинитивен крај на онаа поранешна Голема Тројка на Селтикси во која Реј Ален си замина, а би можеле да си заминат и Кевин Гарнет и Пол Пирс.

0 comments:

Post a Comment