Home » , » Дејмиан Лилард првиот руки бек по Џордан на Ол Стар натпреварот?

Дејмиан Лилард првиот руки бек по Џордан на Ол Стар натпреварот?

Written By Anonymous on 15.1.13 | 15:55


Рукито на Портланд Треил Блејзерс, Дејмиан Лилард би можел да стане првиот бек по 28 години и големиот Мајкл Џордан кој во својата руки сезона настапувал на Ол Стар натпреварот.

Ниту Гери Пејтон, Џејсон Кид, Ален Ајверсон, Дерик Роуз, дури ни Коби Брајант не заработија повик на Ол-Стар натпреварот во својата руки сезона помеѓу Западната и Источната конференција. Џордан беше последен руки бек кој заработил повик на првиот од своите 14 настапи на Ол Стар натпреварот.

“Самиот факт дека Џордан беше последниот бек кој играл на натпреварот во својата руки сезона зборува доволно“ - кратко прокоментира 22 - годишниот Лилард.

Лилард оваа сезона дава по 18.5 поени, 6.5 асистенции и 3.5 скока по натпревар. Прогласуван е за руки на месецот во Ноември и Декември, а е на добар пат да биде прогласен и во третиот, Јануари.

0 comments:

Post a Comment