Home » , » Кармело Ентони: “Овој тим на Никс е најдобриот во кој сум играл“

Кармело Ентони: “Овој тим на Никс е најдобриот во кој сум играл“

Written By Anonymous on 20.1.13 | 18:35


carmelo-anthony-amare-stoudemire
По победата на Никси против Пистонси игран во Лондон, Кармело Ентони верува дека овој тим на Никс е најдобриот во кој играл.

Присетувањето на местото во кое го освои ОИ златото, враќањето на Иман Шампер или нешто трето го натера Ентони да зборува за својот тим кој моментално е втор во Источната Конференција и е во заостанок на само еден натпревар зад водечките Мајами Хит.

“Дефинитивно, играв во добри тимови, но што се однесува на комплетен тим, од глава до пети, ова е најдобриот тим во кој сум играл“,

вели Ентони.

По само 5 победи во последните 10 натпревари Никси ги покорија Пистонси во О2 арената. Во победата најдобар беше Ентони со 26 поени, но треба да се напомене дека играше истовремено со Стадемаер кој даде 17 поени. Не треба да се заборави и на Шамперт кој во својата дебитантска партија беше важен дел за тимот, главно во одбраната.

“Знам какви играчи имаме. Се забавуваме. Убаво е да не гледаат. Си веруваме едни на други, се забавуваме и ништо не може да дојде меѓу нас“,

продолжува Мело.

Убави зборови од лидерот на тимот и еден од главните кандидати за МВП оваа година, меѓутоа треба да се истакне дека Никси оваа сезона имаат многу проблеми со повредите. За Рашид Валас се шпекулира дека ќе ја поропушти цела сезона, Маркус Кемби мачи маки со повредите цела сезона, а стартниот плејмејкер Рејмонд Фелтон треба да се врати по што го скрши прстот на Божиќ, против Лејкерси.

“Не знам дали некогаш ке ги имаме сите играчи на располагање“,

вели Мајк Вудсон.

Исто така треба да се спомене уште еден момент во Лондон, имено на излегувањето од О2 арената, новинарите ги фатија Мело и Стадемаер и ги прашаа чив е овој тим, а Стадемаер одма одговори: “Ова е тимот на Мело“. Меѓутоа, Кармело веднаш одговори: “Не, ова е тимот од Џим Долан“.

Во смеа го завршија разговорот, а можеби и Никси конечно се тим, не собир на неколку себични играчи, како што беше во минатите години.

0 comments:

Post a Comment