Home » , » Дени Грејнџер на паркетите на почетокот на февруари

Дени Грејнџер на паркетите на почетокот на февруари

Written By Anonymous on 20.1.13 | 18:54


Опоравувањето на крилниот играч на Индијана Пејсерси Дени Грејнџер оди и подобро од очекуваното, па би можеле да го видиме на паркетот дури на почетокот на февруари. Грејнџер го пропушти првиот дел од сезоната поради незгодна повреда на коленото.
 
Пејсерси во неговото отсуствто додатно паднаа во сегментот на нападот каде и со него не беа при врвот. Тренерот Фогел мораше благо да корегира неколку работи што се покажаа и тоа како добри, иако на стартот делуваа изгубено.

Тимот е во одличен ритам, моментално се на третото место на Истокот со 25 победи, од тие 11 по ред дома. Ќе биде интересно како ќе се вклопи Дени во новиот систем на Пејсерси, но неговите 18.7 поени ќе му дојдат добро на тимот.

Според новите информации играчот со број 33 напорно работи на шутот, а преминува и на полесни тренинзи без физички контакти. Доколку Грејнџер ја подигне формата Индијана би била нешто подобра од лани, и би била страв и трепет за секој тим од Истокот.

0 comments:

Post a Comment