![](http://www.nbaserbia.com/userfiles/images/covers/Greg-Oden-Portland.jpg)
Претседателот на кошаркарските операции на Бостон Селтикс Дени Ејнџ изјави дека “зелените“ го држат на око поранешниот прв пик на драфтот Грег Оден (24) кој и понатаму се опоравува од повредата на коленото.
Сепак, Ејнџ смета дека малку е веројатно Селтикси да го ангажираат овој играч кој засега нема намера да ја заврши кариерата.
“Свесни сме дека опоравувањето од негова страна е споро и дека тоа е долготраен процес. Сепак, го следиме тој играч. Не знаеме дали ќе ни се приклучи, но свесни сме дека сите во лигата се важни. Нас не интересира како напредува неговото опоравување, а дури потоа можеме да зборуваме за неговата иднина“,
вели Ејнџ.
Иначе, Грег Оден во две НБА сезони одигра само 82 натпревари во кои бележеше 9.4 поени со 7.3 скока.
0 comments:
Post a Comment