Home » , » Бајнам ветува: “Ќе играм оваа сезона“

Бајнам ветува: “Ќе играм оваа сезона“

Written By Anonymous on 9.1.13 | 19:10


Центарот на Филаделфија Севенти Сиксерси, Ендру Бајнам верува дека ќе успее да се опорави од проблемите со коленото до крајот на сезоната.

Поранешниот центар на Лејкерси има проблеми со двете колена, а на крајот на оваа сезона му истекува договорот вреден 100 милиони долари, така да ако не се покаже во најдобро светло, би можел да стане слободен играч.

“Се надевам дека ќе бидам спремен до крајот на сезоната. Веќе за неколку дена ќе почнам да тренирам и трчам. Болката се смалува, но и натаму не можам да играм. Не ми останува ништо друго освен да седам и чекам“,

рече Бајнам.

Ендру премина во Фила како дел од големиот трејд во кој Двајт Хауард премина во Лејкерси, а Игуадала во Денвер.

0 comments:

Post a Comment