
Тој во поразот од Рокетси со резултат од 112-125 оствари учинок од 10 успешни додавања, доаѓајќи до вкупната бројка од 10.005 асистенции.
Пред Стив Неш се наоѓаат легендарните асови Џон Стоктон со 15.806 асистенции, Џејсон Кид со 11.969, Марк Џексон со 10.334 и Меџик Џонсон со 10.141 асистенции.
Лејкерси се наоѓаат во невидена ситуација, кога е во прашање тимската статистика. Тие се на скор од 15-18 и се на 12тото место на Западната конференција, далеку од местата кои ги носат тимовите во плејофот.
0 comments:
Post a Comment