Home » , » Хорнетс стануваат Пеликанс?

Хорнетс стануваат Пеликанс?

Written By Anonymous on 24.1.13 | 17:36


Њу Орлеанс Хорнетс можат да бидат Њу Орлеанс Пеликанс, уште од наредната сезона.

Наводно, сопственикот Том Бенсон веќе се реши за да го промени името и дресовите, и наскоро ќе видиме како ќе изгледаат за следната, односно за сезоната 2013-2014.

Овој тим има бурна историја откако се префрлија од Шарлот. Поради ураганот Катрина од 2005-2007 беа Оклахома каде подоцна дојде Тандер, а во Шарлот во меѓувреме се основани Бобкетс.

НБА секако, прво треба да ја одобри промената на името  и дресовите. Ќе видиме дали со ова ќе успеат и да ги свртат резултатите со младите Ентони Дејвис и Остин Риверс, првиот и десеттиот пик на драфтот, како и Ерик Гордон.

0 comments:

Post a Comment