Home » , » Збогум Хорнетс, добредојде за Пеликанс

Збогум Хорнетс, добредојде за Пеликанс

Written By Anonymous on 25.1.13 | 18:17


Она што се очекуваше и што беше најавено, доби своја официјална потврда. Франшизата од Њу Орлеанс го промени името од Хорнетс во Пеликанс, така да од наредната сезона Њу Орлеанс ќе бидат исклучиво Пеликанс. Покрај тоа, променето е официјалното лого и боите на клубот.

До најавената одлука да се смени грбот, бојата на дресот и називот на клубот дојде од неколку причини. Имено, птицата пеликан е симбол на сојузната државаа Лујзијана. Токму во оваа држава е сместен Њу Орлеанс.

Изборот за црвена, сина и злана боја, како што тврдат добро платените извори на клубот, се избор на сопругата на Том Бенсон. Првиот човек на идните Пеликани, а и НФЛ тимот Њу Орлеанс Сеинтс, смета дека името Хорнетси не им значело апсолутно ништо.

“Пеликаните го претставуваат Њу Орлеанс. Решеноста која ја симболизираат тие може да биде поучна за сите нас“,

смета Бенсон, кој од април 2012 се сопственик на тимот. Против новитети на клубот нема ништо ниту тренерот на тимот Монти Вилијамс кој е сосема задоволен од промените.

“Лого изгледа добро, иако се плашев дека ќе биде поинакво. Искрено се надевав дека логото ќе биде динамично и јако, а кога ги видов боите и обликот, знаев дека е одлично. Ќе биде убаво децата во градот да се видат со опрема на Пеликаните“,

вели Вилијамс. По оваа одлука на Њу Орлеанс, постои можност називот “Хорнетс“ кој своевремено во 2006. се преселија од Шарлот, да се вратат во тимот на Џордан. Веројатно дека тоа ке се случи, поради тоа што навивачите притискаат.



0 comments:

Post a Comment