Коби Брајант е легенда, тоа е несомнено. Еден од најдобрите играчи на сите времиња и играч кој претставувал проблем за секој противник во одбрана.
Во интервју со Стив Палмер од „ESPN“, Коби беше запрашан за неговата еден-на-еден игра и како тој би се справил со најнезгодните играчи во таа категорија.
Коби на тоа дали би го победил Џордан: “Паа... не сум баш сигурен за тоа. Но тој би победувал исто колку и јас во серија од 7 натпревари (плејоф серија). Најверојатно се ќе се сведе на последните неколку шута.“
Коби vs. ЛеБрон: “ЛеБрон е одличен ол-араунд, 5-на-5 играч, кој е еден од најдобрите играчи на сите времиња. Но би го средил без проблем...“ - рече Коби.
Кој играч би му направил најмногу проблеми: “Кевин Дурент би бил играчот против кого би имал најмногу проблеми во еден-на-еден. Дефинитивно Дурент поради неговата должина и способност да прави што сака со топката.“
А, Т-Мак?: “Сум играл многу пати против Т-Мак. И го "сварив", го "спакував". Не беше ниту блиску. Прашајте го него, ќе ви каже. Кога имав 20 години бевме во Германија за да промовираме патики и игравме кошарка заедно секој ден. Постојано бевме во салата. Игравме 3 натпревари еден-на-еден до 11. И јас победив на сите 3. Во еден натпревар победив со 11-2 и после тој натпревар Трејси рече дека има болки во грбот и дека неможе да игра.“
За игра против Коби еден-на-еден треба да се запраша Брајан Шо. Во првите години во лигата, Коби често сакаше да се натпреварува против ветераните на тимот. И често бил понижуван.
Прочитајте го целото интервју, интересно е.
0 comments:
Post a Comment