Home » , » Кевин Лав паузира дури четири месеци?

Кевин Лав паузира дури четири месеци?

Written By Anonymous on 9.1.13 | 19:20


Најдобриот кошаркар на Минесота Тимбервулвс Кевин Лав би можел поради повредите и скршеницата на третата метатарзална коска на десната шака да биде надвор од терените дури четири месеци, пренесува “ESPN“.

Крилниот играч на “Волците“ наскоро ќе ги објави своите специјалистички прегледи во Њу Јорк и доколку има потреба од операција, тренерот на Минесота, нема да може да смета на него можеби и до крајот на сезоната.

Лав идентична повреда имаше и на стартот на сезоната и тогаш ги пропушти првите 3 недели.

Повторно се повреди пред неколку дена во дуелот со Денвер.

0 comments:

Post a Comment