
Имено, Дијана Фолк на својот профил на друштвената мрежа “Twitter“ направи голема гужва. Таа напиша работа која е практично јасна и дека НБА кошарката се враќа во Сиетел.
“Значи, случнав дека Сиетел Кингси се веќе готови! Сопствениците на Сакраменто конечно одлучија да ги продадат акциите и да се согласат франшизата да го напушти Сакраменто“,
напиша таа. Овој “твит“ со брзина на светлината премина во кошаркарската планета, но официјалнте потврди велат дека таа не го напишала ова. Тоа што е интересно и што додатно го врти вниманието на фановите е тоа што “твитот“ е избришан негде околу 6.00 наутро. Меѓутоа, од Сакраменто само порачаа дека нема да ги коментираат гласините.“
“Не сакаме да коментираме и да се заинтересираме за тоа, за една обична гласина на една друштвена мрежа“,
велат од Кингси. Сепак, ова не е прв пат да се зборува за заминување на Кингси од Сакраменто, но ниту и за враќање на Сиетел во НБА лигата. Познато е дека градот Сиетел го задржа правото на името “Супер Соникс“, иако нивната франшиза е преместена во Оклахома Сити и го носи името Тандер. Едно е сигурно, многу некогашни навивачи на Сиетел Супер Соникси не би сакале нивниот клуб, доколку ова се испостави како точно, да се нарекува Сиетел Кингси...
0 comments:
Post a Comment