
Инсајдерот на “Yahoo!Sports“ Адриан Војнаровски соопшти денес дека на повидок е трејд помеѓу Мемфис и Феникс. Според него во Феникс би заминал Геј, додека во спротивен правец би се преселиле Џеред Дадли и идни драфт пикови од првата рунда.
Гризлиси како што напоменавме по секоја цена сакаат да се ослободат од договорот на крилниот играч Геј кој ке заработи 16.5 милиони долари во оваа и 37.2 милиони долари во другите две наредни сезони. Токму тие пари се прествтнива во преговорите бдидејќи сопственикот на Санси Роберт Сарвер не е познат по дарежливоста и ќе челниците ке мораат да бидат многу убедливи за да го натераат да се оствари овој трејд.
Од друга страна Дадли е добар играч, способен да се вклопи во секој сериозен плејоф кандидат, но тешко е дека ќе ги надомести ол стар бројките на Геј (17.8 поени и 5.8 скока). Она што Дадли би им го донел на Гризлиси е подобриот шут од поле, отколку оној на Геј.
Мемфис и онака е веќе 4 милиони долари над границата во салари кепот и се приморани да платат екстра порез доколку не трејдуваат некој. Така да, доколку пропадне овој “дил“ со Санси, тие веднаѓ ке тргнат во некој друг правец.
0 comments:
Post a Comment