Home » » Кендрик Перкинс има интересни коментари за Вестбрук и Рондо

Кендрик Перкинс има интересни коментари за Вестбрук и Рондо

Written By Unknown on 28.1.13 | 18:39

Кендрик Перкинс е еден од поинтересните ликови во лигата. Тој постојано е во конфликт на терените, редовно добива технички грешки и многу често стапува во вербален конфликт со противничките играчи. Но надвор од теренот, тој е многу пријателски настроен човек. Тој дури и носи насмевка на своето лице многу често.

 Затоа кога ќе каже дека Расел Вестбрук е поинаква личност на и надвор од теренот, тој зборува од искуство. Тој знае како да го одржи истиот карактер и вон паркетот.

“Тој е ноќ и ден, во споредба со тоа каков е вон теренот. На теренот, понекогаш сакате да го задавите.“ - изјави Перкинс на шега. “Влегува понекогаш во некој свој ’филм’ и си мисли дека е најдобриот играч на теренот“.

Не е тешко да поверувате дека постојат ситуации каде Перкинс би сакал да го задави Вестбрук за шутирање од затворени позиции на 7 метри растојание од кошот при 18 секунди пред крајот на истекот на времето. Иако навистина знае како да изнервира некого со својата игра, Вестбрук има навистина многу постигнато во дистрибуцијата на поени и подобро е што токму тој има толку самодоверба во себе.

Перкинс има доволно искуство со самоуверени плејмејкери. Колку за потсетување, тој играше со Ражон Рондо во Бостон, уште еден тврдоглав играч. Иако и двајцата имаат различен стил на игра, како што вели Перкинс, “Двајцата се разликуваат од играчите во целата лига, како некој вид диви во кошарката. Ете тоа е правиот збор за двајцата, кошаркарски диви. Но на позитивен начин“.

Диви во добра конотација. Вестбрук и Рондо се непомирливи - право во лицето типови на карактери, а тоа не е сликата за плејмејкери на која сме навикнале. Тие не го водат шоуто, тие се самите по себе шоу, а тоа ги прави големи играчи. Но исто така, се добива впечаток дека тие скршнале од вистинскиот пат.

Токму поради тоа, дива е вистинскиот збор, па дури и ако е тоа во негативна конотација. Рондо и Вестбрук знаат кои се и не се извинуваат поради тоа, напротив, тие се горди на својот карактер. Или ги сакате или ги мразите.

0 comments:

Post a Comment