Home » , » Гасол ќе отсуствува од терените 6 недели поради повреда на стапалото

Гасол ќе отсуствува од терените 6 недели поради повреда на стапалото

Written By Unknown on 7.2.13 | 19:19

Во обид да го спречи Брук Лопез, Пау Гасол го повреди левото стапало и го напушти натпреварот против Нетси. Поради таа повреда, констатирано беше дека Пау Гасол нема да биде достапен за Мајк Д'Антони и Лејкерс околу 6 недели.

Имено, се работи за искинување на тетива во стапалото на Пау Гасол, што секако е сериозна повреда. Шест недели не е конечен датум на враќање, бидејќи Гасол не сакаше да зборува за такво нешто во јавноста, а прогнозата ја констатираа докторите на Лејкерс.

Но доколку треба и операција за таа повреда, Гасол би можел да пропушти и до 3 месеци, но операцијата сега-за-сега не е земена во предвид.

“Се повредив уште во првото полувреме, но некако успевав да играм. После падот во второто полувреме не можев никако да го продолжам натпреварот поради силните болки. Прилично сум загрижен затоа што болките се силни.” - изјави Гасол.

Иако Лејкерси се во налет сепак нема да можат уште долго да играат без Хауард и Гасол и потребни им се и двајцата доколку имаат намера да влезат во плеј-офот, затоа што веќе го изгубија Хил до крајот на сезоната и сега целиот товар под кошот ќе биде на грбот на Двајт Хауард, кој сеуште се мачи со повредите на грбот и рамото.

0 comments:

Post a Comment